Дојде денот кога Елиф Елмас треба да се раздели со Фенербахче, најавуваат турските медиуми, а информаците од Италија се дека Елиф денеска или утре ќе се појави на лекарски прегледи во Неапол и ќе потпише за италијанскиот прволигаш Наполи. Македонскиот репрезентативец најпрвин треба да слета во Рим, од каде ќе замине на југот. Официјализацијата на трансферот од Фенербахче во Наполи се очекува во текот на денешниот ден или најдоцна утре.
Младиот фудбалер веќе се поздравил со своите досегашни соиграчи кои синоќа имаа пријателски меч со Бурсаспор. Фенербахче од Наполи за Елмас ќе добие 18 милиони евра, што е најголема сума платена за еден македонски фудбалер.
Елмас со Наполи ќе потпише петгодишен договор. Тој ќе биде вториот Македонец по Горан Пандев кој заиграл за клубот чиј дрес пред 30-тина години го носеше и славниот Диего Марадона.