Реал Мадрид го одигра првиот контролен меч за новата сезона и загуби со 3:1 од Баерн Минхен. Во дресот на Кралскиот клуб од првата минута дебитираше Еден Азар, а потоа тренерот Зинедин Зидан, на полувремето ги смени сите 11 фудбалери.
Фрацускиот стратег едноставно сакаше да им даде шанса на сите 22 фудбалери на кои смета во новата сезона. Единствено шанса за игра не доби Герет Бејл. Еден од најскапоплатените фудбалери во светот не оидгра ниту една минута затоа што Зидан реши дека е време Велшанецот да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Според најавите на Зизу, Бејл може во следните неколку часа да се спакува и да си оди од Мадрид.
„Бејл не играше, бидејќи тој е многу блиску до заминување од клубот. Се надеваме дека за многу брзо време ќе си замине, ако е можно уште утре. Работиме на финализирање на негова преселба во нов клуб. Немам ништо лично против него, но едноставно доаѓа време кога работите мора да завршат. Тоа е мое решение, но и на фудбалерот кој знае во каква ситуација е во Реал“, рече Зидан.