Адам Пити најави дека ќе го освои третиот златен медал по ред, во најбрзата трка на 100 метри градно на сите времиња. Британскиот делфин стаса на целта со резултат 56.88 секунди, што е прв случај во историјата на пливањето да се симне границата под 57 секунди.
Пити и досега беше рекордер со време од 57.10, резултат што го забележа лани во Глазгов, а до хет-трик на пливачките Мундијали ќе се обиде да стаса утре, за кога е закажана финалната трка на 100 метри градно.