Исмаел Бенасер е играчот кој блесна во дресот на алжирската репрезентација. Младиот 21-годишен играч го доби признанието за најдобар на континенталниот собир, а неговиот Алжир по вторпат во историјата стигна до златото на Афкон.
Непосредно по титулата во Африка, Бенасер е пред трансфер. Од Емполи се сели во Милан, и тоа за трансфер вреден 16 милиони евра, плус бонусите. Дека трансферот на Бенасер во Милан е пред завршна фаза, потврди и директорот на Емполи, Пјетро Акарди.
„Навивачите на Милан ќе го засакаат Бенасер“, рече Акарди.
Бенасер игра во средниот ред, а пред да дојде во Емполи, две години беше член на Арсенал, но не доби шанса да заигра во Премиер лигата. Бенасер со своите игри на Афкон го засени многу попопуларниот Алжирец, Ријад Марез.