Пари Сен Жермен со богата понуда за Килијан Мбапе од 300 милиони евра за шест години сака да се одбрани од нападите на дел од екипите од Европа кои се заинтересирани за ангажман на најдобриот млад играч во Европа.
Манчестер сити е најзаинтересиран, а во битката на шеиците, кои се сопственици на двата клуба, прв истапи Ал Келаифи од ПСЖ.
Понудата е неверојатно висока и на 20-годишниот офанзивец му нуди заработка од еден милион евра неделно, или 50 милиони евра на годишно ниво.
Се работи за договор што би важел до 2025 година, а повеќе од него во моментов заработува само Нејмар, кој исто така е член на ПСЖ и има неделна плата од малку повеќе од милион евра.
Но и тоа може да се промени бидејќи еден од условите за да се запази финансискиот фер плеј е Нејмар да биде продаден веројатно на Барселона, и тоа во овој преоден рок, а според шпекулациите, Бразилецот прифаќа многу помала плата за да се врати на „Камп ноу“.