На АТП турнирот во Москва се случи еден многу чуден момент. Тенисерот од Узбекистан реши да го предаде мечот против Ричардас Беранкис од Литванија и тоа при резултат 6:4, 5:4 и 40:0 за противникот. Во моментот кога Беранкис дојде до три меч топки на свој сервис, Истомин реши да се предаде поради повреда.
На последниот одигран поен, Истомин се здоби со повреда на зглобот и реши дека треба да го предаде мечот, а не да остане на нозе за последниот поен на средбата.
Istomin retires 6-4 5-4 *40-0 down….. might be serious tho. pic.twitter.com/he597sqlpa
— Ardeal (@UnArdeal) October 16, 2018