Хрватите најавени како Србија, коментаторот полуде, реакција и од клупата (Видео)

Пред натпреварот меѓу националните тимови на Хрватска и Португалија за ракометари до 21 година, спикерот во салата наместо да најави дека ќе се интонира химната на Хрватска, тој го кажа името на соседот Србија.

„Сега е време за химната на Србија“, кажа спикерот, по што следуваше молк, а веднаш потоа и џагор во салата и следуваше реакција на стручниот штаб на Хрватите.

И некои од младите хрватски ракометари ги спуштија рацете од срцето, а откако спикерот сфати дека направил грешка, се извини. Кога заврши интонирањето на хрватската химна „Лијепа наша“, коментаторот жестоко ги критикуваше организаторите на првенството нарекувајќи ги аматери, наведувајќи повеќе слабости, од кои најмногу го заболе утката кога Хрватите беа најавени како Срби.

 

- Оглас -

Најнови вести