Симона Квадарела е новата пливачка ѕвезда, а го освои златниот медал на 1 500 метри на Мундијалот во Јужна Кореа, и тоа убедливо со нов италијански рекорд.
Во отсуство на досега неприкосновената Американка Кети Ледецки, Квадарела беше најбрза и со време од 15 минути, 40 секунди и 89 стотинки прва ја мина целта.
Зад неа, со заостанување од 8 секунди како втора за сребрен медал доплива Германката Сара Колер, а бронзата ѝ припадна на репрезентативката на Кина Џијанџихи Ванг.