Гвардиола: Ова е лудо! Порано или подоцна ова темпо ќе ги убие фудбалерите

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, вели дека играчите веќе не може да го издржат пеколното темпо на мечеви кои ги имаат во текот на една сезона. Стратегот вели дека можно е да нема поголем дел од играчите за стартот на новата сезона бидејќи нема да бидат доволно одморени и подготвени за новите предизвици.

По завршување на клупските обврски, поголем дел од фудбалерите имаа и репрезентативни задачи. Серхио Ауеро, Николас Отаменди, Фернандињо, Едерсон и Габриел Жесус беа дел од Копа Америка, додека Ријад Марез играше на Купот на африканските нации.

„Ова е лудо. Порано или подоцна ќе ги убиеме нашите фудбалери. Не смее да продолжи вака уште долго време. Тие треба да имаат време и за одмор. Не може ние да ги почнеме подготовките за новата сезона, а Марез уште да ја нема завршено претходната сезона“, вели Гвардиола.

Сити попладнево ќе игра против тим од Хонг Конг, а новата сезона во Англија ќе ја започне веќе на 4 август, кога ќе го игра дуелот од Комјунити шилд против Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести