Елиф Елмас ја заврши и последната формалност, стави потпис на петгодишен договор со Наполи за вкупна сума од 19 милиони евра со бонуси, што е најголем трансфер во историјата на македонскиот фудбал и спорт воопшто.
Се чекаше да заврши тренингот во Димаро за да се заврши и последната секвенца од договорот меѓу Елмас и Наполи.
Вечерва од 17 часот Наполи ќе игра со Кремонезе, а Елмас ќе биде гостин на една од трибините.