Актуелниот европски владетел Ливерпул неславно ја заврши турнејата низ САД. По поразите од Борусија Дортмунд (3:2) и Севилја (2:1), англискиот премиерлигаш утрово ремизираше 2:2 во дуелот со Спортинг Лисабон.
Бруно Фернандеш покажа зошто е еден од најбараните играчи во Европа откако погоди за водство на Спортинг во четвртата минута. Сепак, до крајот на првиот дел Ливерпул успеа да направи целосен пресврт. Ориги израмни во 20-тата минута, а пред крајот на првиот дел погоди и Вајналдум за 2:1.
Предноста на Ливерпул траеше до 53-тата минута, кога Вендел израмни на 2:2. Во продолжение на мечот, двете екипи направија повеќе измени, а резултатот до крајот остана ист.
Олимпик Марсеј немаше милост во дуелот против ДЦ јунајтед и победи убедливо со 8:1. Интересно е што по првите 45 минути резултатот беше 1:1, а во вториот дел се случи вистински потоп на тимот од САД. Олимпик даде четири гола во периодот од 48-мата до 57-мата минута, а потоа следуваше ново шоу од 84-тата до 89-тата минута, кога беа постигнати три погодоци.
На Интернационалниот куп на шампиони утрово беше одигран само еден дуел во кој Бенфика со 2:1 ја победи Фиорентина. Сеферовиќ погоди за водство на португалскиот тим во деветтата мунута, а израмни Влаховиќ во 29-тата минута. Се играше 90+3 минута кога Кајо даде гол за триумф на Бенфика.
Во 13:30 часот следува англискиот дуел меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед, а целата понуда за обложување може да ја видите на Sport Life.