Во пресрет на вечерашниот меч во Њујорк против градскиот ривал Реал Мадрид, поддршка за екипата на Атлетико дојде од НБА-ѕвездата Кармело Ентони.
Ентони, кој има 35 години, во кариерата има три златни и еден бронзен олимписки медал со репрезентацијата на САД. Тој ги посети Јорганџиите во Њујорк, се фотографираше со нив, а потоа им испрати порака со поддршка и им посака успех вечер во пријателскиот меч против Реал, како и во целата наредна сезона.