Италијанскиот калчолигаш Интер се радуваше на трофејот во Интернационалниот Супер куп против Пари Сен Жермен, на меч одигран во Макао. Нераѕурите беа подобри дури по подобро изведување на пенали, откако по регуларниот дел беше 1:1.
ПСЖ беше многу блиску до победата, бидејќи францускиот шампион имаше водство од 1:0 со голот на Кехрер во 41 минута.
https://twitter.com/eddie1991razo/status/1155090225170747393
Предноста на ПСЖ беше се до судиското надополнување. Се играше буквално последната минута од судиското надополнување кога Лонго успеа да погоди за Интер и да израмни на 1:1, што беше најава и за изведување на пенали.
PSG 1-1 Inter (Samuele Longo) pic.twitter.com/Gecn2mya1t
— InterYaLautaro (@InterYaLautaro) July 27, 2019
Во пенал рулетот, Интер имаше шанса да се радува по пет серии, но наместо да погоди Кандрева беше непрецизен и ја продолжи неизвесноста за уште две серии. На крајот Интер сепак се радуваше по ударите од белата точка.
✅✅✅❌✅✅❌@PSG_English
✅✅✅✅❌✅✅@Inter_en
The Italians win the shootout
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) July 27, 2019