Пак му заврна на Вардар, втор прекинат меч на подготовките во Словенија

Вардар не го доигра и вториот од трите дуели досега на подготовките во Рогашка Слатина, а повторно причина за прекин на пријателски дуел е невремето.

Вардарци одиграа само едно 45.минути против актуелниот вицешампион од светскиот клупски куп, Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.

Се одигра само едно полувреме, првото, а немаше голови, по што двете екипи одлучија да не се игра продолжението. Претходно Вардар одигра сличен меч и со Дравиња, а при предност за македонскиот состав од 1:0 мечот беше прекинат во 60. минута.

Меѓу овие два прекинати дуели Вардар беше поразен од Горица со 0:3, а треба да се одиграат уште два дуели. На 30. јули противник на најтрофејнуиот македонски клуб ќе му биде Рогашка, а ден подоцна повторно следи одличен тест меч, против турскиот тим Касимпаша.

- Оглас -

Најнови вести