Елмас е подготвен за настап против европскиот првак Ливерпул

Елиф Елмас ќе има шанса да игра против Ливерпул, иако денеска во Единбург нема да биде стартер за Наполи, според најавите во италијанските медиуми.

Во 18 часот денеска во прекрасниот шкотски град пријателски меч ќе играат италијанскиот и англискиот вицешампион, а за Елмас ова ќе биде втор настап за новиот клуб, откако одигра дел од пријателскиот меч против Кремонезе.

Наполи го заврши трансферот на македонскиот репрезентативец пред 3 дена со потпис на петгодишен договор со 19-годишниот македонски репрезентативец, а интересно истиот ден Елмас играше против Кремонезе.

Сега на ред е големиот меч, еден од најважните во досегашниот дел од кариерата за Елмас, против актуелен европски првак, иако се работи за пријателски дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести