Ливерпул ја доби големата битка со ривалите за Харви Елиот и потпиша стипендиски договор со 16-годишното момче, што лани стана најмлад играч кој настапил во Премиерлигата.
Елиот играше за Фулам против Вулверхемптон во мај годинава на возраст од 16 години и 30 дена и тогаш стана најмладиот фудбалер што воопшто заиграл на терените во најсилната англиска лига.
Според правилата бидејќи се уште нема полни 17 години, денеска потпиша стипендиски договор со Ливерпул, а потоа го чека и тригодишен професионален договор со англискиот вицешампион и актуелен европски првак.
Елиот отпатува за Единбург со експедицијата на „црвените“ и можнос е да игра денеска од 18 часот на пријателскиот дуел со Наполи, шпо би му било деби за новиот клуб.