Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да настапи на денешниот пријателски меч на Наполи против европскиот шампионот Ливерпул и тоа затоа што средбата се игра во Единбург, Шкотска, а за таму, на нашиот репрезентативец му треба виза, која ја нема.
Елмас е еден од тројцата фудбалери на Наполи кои не отпатуваа во Шкотска и остана во Италија, но не во тренинг центарот во Димаро, туку во Неапол и ќе може да се запознае со градот под вулканот Везув. Вистинска штета е што младиот Елмас нема да има прилика да се покаже пред тренерот Карло Анчелоти на еден ваков меч против силен ривал.
Наредниот настап на Елмас во дресот со бројот 12 на Наполи ќе го има на наредната контрола на наполитанците, кога ќе се сретнат со Олимпик Марсеј.