Клоп: Не сакам да се правдам, но ни недостасуваат шестмина играчи

Јирген Клоп, тренерот на европскиот првак Ливерпул, призна дека неговиот тим немал најдобра подготовка за новата сезона. Ливерпул не победи на ниту еден од трите меча на турнејата во САД, а како главна причина за тоа Клоп го наведува отсуството на повеќемина стандардни првотимци. Од главните ѕвезди ги немаше напаѓачите Салах, Фирмино и Мане, како и голманот Алисон Бекер.

Првиот меч од новата сезона Ливерпул ќе го игра в недела против Манчестер сити и тоа во борба за трофејот во Комјунити Шилд.

„Не сакам да барам оправдување, но бевме без шестмина стандардни играчи. Сепак тоа не можеме да го промениме. Не може да кажеме дека имавме добра подготвителна сезона. Сега треба да се фокусираме на првиот меч. Ќе биде фантастично ако победиме“, рече Клоп.

- Оглас -

Најнови вести