Македонија гази сигурно во групата Б на јуниорското првенство Б дивизија и со нова четврта победа денеска против Словачка со 83:58 го потврди првото место и обезбеди плејоф.
Словаците имаа подобар старт и ја добија првата четвртина со 18:16, а потоа се беше во знакот на македонските таленти. Со одличната игра во вториот период направивме пресврт и на полувремето веќе се наѕираше победата, по предноста од 42:30.
Избраниците на Тони Симиќ продолжија во ист ритам и ги разрешија сите дилеми околу тоа која е подобрата селекција на теренот, а по три четвртини имавме предност од 22 поени разлика. Во победнички стил го завршивме мечот и ја прославивме четвртата победа што ни го носи првото место во групата Б.
Андреј Јакимовски со 10 поени и 10 скока бече лидер на теренот, а Македонија ќе игра уште еден меч во групата, против Данска, но само за престиж бидејќи првото место е загарантирано.