Легендарниот формула 1 возач Михаел Шумахер е подобро. Тоа може да се заклучи по изјавата на претседателот на ФИА, Жан Тод, дека тој и Шумахер заедно седеле и гледале Ф1 трки. Тод е еден од ретките кои имаат дозвола да го посетат Шумахер, а не е дел од семејството.
„Секогаш сум внимателен со давањето информации околу состојбата на Михаел. Во овој случај таа информација е убава. Можам да ви кажам дека заедно гледавме Ф1 трки на телевизија“, рече Тод по посетата на домот на Шумахер во Швајцарија.
Шумахер доживеа тешки повреди на главата откако пред крајот на 2013 година падна и се повреди. Од страшниот пад, Шумахер се здоби со серозни повреди и оттогаш неговата ситуација е непознаница за пошироката јавност.