По освојувањето на втората европска титула, ракометниот клуб го смени своето лого со додавање на две ѕвездички, кои ги означуваат освоените трофеи во ЛШ, па така и автобусот со кој „црвено-црните“ ќе патуваат доби нов изглед.
„Во новата сезона вардарци на своите официјални патувања ќе го користат автобусот кој доби заслужено разубавување. Двете шампионски ѕвездички се веќе вцртани, а името Вардар доминира исто како што ракометарите доминираат во ЕХФ-лигата на шампионите и во СЕХА-лигата“, велат од клубот.