Реал Мадрид во последниве 39 години немал полоши резултати во подготвителниот период

Реал Мадрид вчера го победи Фенербахче со 5:3, што беше прв триумф на шпанскиот гигант во подготвителниот период, пред стартот на новата сезона. Кралскиот клуб претходно одигра четири меча во кои претрпе три порази, а само против Арсенал ремизираше 2:2 (потоа победи на пенали).

Вистински дебакл беше поразот од градскиот ривал Атлетико Мадрид со 7:3, што дефинитивно ја разниша самодовербата кај играчите. Триумфот над Фенербахче ќе даде малку мир кај фудбалерите, но сепак тоа не е доволно. Кралевите го имаат најслабиот подготвителен период во последните 39 години. На петте средби кои ги одигра, одбраната на Реал прими 16 голови, односно 3,2 гола во просек на меч, што е премногу за клуб од светски рамки.

Послабо во подготвителен период Реал бил во 1980 година, кога прими 17 голови. Од тие подготовки се памти срамниот пораз од Баерн Минхен со 9:1. Дефинитивно и сега одбраната е очајна, а шанса за поправка има на последните две контролки. Реал против ќе игра против Ред Бул Салцбург, а потоа и против Рома, па следи стартот на Примера дивисион. Во првото коло од Примера, Реал Мадрид ќе игра против Селта Виго.

 

- Оглас -

Најнови вести