Крилниот офајзивец на Челзи Вилијан, ќе го носи бројот 10 на дресот во новата сезона. Оваа потврда стигна од клубот откако утрово беа обелоденети сите броеви кои ќе ги носат фудбалерите во иднина.
Бразилецот ја посакуваше „десетката“ која остана без сопственик откако Еден Азар се пресели во редовите на Реал Мадрид. Всушност, тоа е бројот кој Вилијан го носеше на грбот додека настапуваше за Бразил на Копа Америка летово, во отсуство на Нејмар.
За „наследник“ на Азар конкурираа и младиот Хадсон-Одои, како и новото засилување Кристијан Пулишиќ. Сепак, Американецот ја доби старата бројка на Вилијан, 22, додека талентираниот тинејџер ќе ја задржи 20-ката, иако се шпекулираше дека за да потпише нов договор со клубот услов му било да го добие стариот број на Азар.
https://twitter.com/ChelseaFC/status/1157562424318398464