Кои се најскапоплатените кошаркари во Европа?

Некогашниот играч на Чикаго булс, Њу Орлеанс пеликанс и Милвоки бакс, Никола Миротиќ има 5,4 милиони причини зошто се врати повторно да игра во Европа. Црногорецот кој игра за репрезентацијата на Шпанија, летово потпиша четиригодишен договор со Барселона. Годишната заработувачка ќе му биде 5,4 милиони евра и со тоа е најскапоплатениот кошаркар на Стариот континент. Интересно е што Миротиќ пред да замине во НБА лигата беше играч на Реал Мадрид.

Зад Миротиќ следи ѕвездата на Химки, Алексеј Швед, кој има договор што му гарантира четири милиони евра по сезона. Трет е центарот на Реал Мадрид, Валтер Тавареш со годишна плата од три милиони евра. Дури 14 играчи во Европа имаат плата од два милиони евра или поголема, а листата ја затвора Србинот Милош Теодосиќ кој игра во Виртус Болоња.

 

- Оглас -

Најнови вести