Марк Маркес е четвртиот човек во историјата што успеал да победи 50 пати во трките од Мото ГП, а до јубилејот стаса на убедлив начин во Брно, за Големата награда на Чешка.
Шпанецот возеше прекрасно, сезонава речиси и да нема конкуренција, а веќе стаса од шест победи. Во Брно има вкупно три, а денешната беше убедлива пред Довициозо, Милер, Ринс и Крачлоу.
https://twitter.com/MotoGP/status/1158006053122039808?s=20
Маркес има вкупно 76 победи во кариерата, 50 од нив во најсилната класа Мото ГП, а пред него се само Роси со 89 победи вкупно, Џакомо Агостини со 68 и Дуан со 56.
Во Генерален пласман Маркес е убедливо прв со 210 поени, пред Довициозо со 147, Петруци со 129, Ринс со 114 и Виналјес со 91.