Ливерпул го продаде Мињоле во родната земја

Ливерпул го продаде голманот Симон Мињоле во редовите на Клуб Бриж. Белгискиот вицепрвак издвои седум милиони евра за да го врати Мињоле во родната земја, кој пак потпиша петгодишен договор со новиот клуб и претставува големо засилување.

Мињоле запиша вкупно 204 настапи во дресот на Ливерпул, но изминативе неколку сезони постепено го губеше статусот на прв голман кај менаџерот Клоп. Во втор, а можеби и во трет план падна откако лани пристигна Алисон Бекер и ги оправда издвоените 70 милиони евра за неговиот потпис. Белгиецот беше втора опција и покрај Лорис Кариус, а пред почетокот на минатата сезона не му беше овозможена преселба во Наполи, бидејќи Кариус замина на позајмица во Бешикташ.

Ливерпул веќе ја осигура замената за продадениот Мињоле, втората ракавица на Црвените ќе биде триесет и двегодишниот Адријан, кој по крајот на минатата сезона го напушти Вест хем и стана слободен играч. Адријан потпиша двегодишен договор со Црвените, со опција соработката да се продолжи на уште една година.

 

- Оглас -

Најнови вести