Гвардиола: Шест клуба ќе се борат за титулата во Англија

Манчестер сити покажа дека е еден од најдоминантните екипи во историјата на англиското првенство, откако ги обедини четирите најважни трофеи. Освен шампионскиот пехар, Граѓаните се и освојувачи на Лига и ФА Купот, како и Суперкупот на Англија. Тоа само потврдува дека Сити е голем фаворит за титулата и во сезоната која треба да започне за неколку дена.

И покрај фаворитската улога, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола вели дека конкуренцијата е голема.

„Во моментов сметам дека има шест екипи кои ќе се борат за титулата. Не верувам во тоа дека само два клуба имаат шампионски амбиции, како што беше минатата сезона. Очекувам многу од Манчестер јунајтед, посебно сега кога се засилија со еден чудесен играч како Мегваер. Тука е и Челзи, како и Тотенхем кој беше финалист во Лигата на шампионите. И Арсенал има интересен состав“, вели Гвардиола во својата анализа пред почетокот на првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести