На младите тенисот останува, Кузнецова им покажа дека не е лесно

Светлана Кузнецова и буквално ја збриша од теренот во Торонто најперспективната кинеска тенисерка Џиу Ванг, во дуел на две сосема различни тениски генерации.

Речиси двојно повозрасната руска тенисерка славеше убедливо со 6:4, 6:2, но ноќната програма на Роџерс купот им припадна на помладите.

Ен Контавејт од Естонија со пресврт ја победи Марија Шарапова со 2:1 во сетови, а истото го стори и Дарија Касаткина против Анжелик Кербер.

Кузнецова и оддржа лекција на Ванг, во дуел на две тенисерки од различни генерации. Кузнецова има 34 години, наспротив талентираната тинејџерка од Кина со само 18 лета, но ја декласира иднината на светскиот тенис со убедливи 6:2, 6:4.

Интересен податок е дека Ванг имала само 3 години, кога Кузнецова во 2004 година го освои својот прв гренд-слем трофеј, во Њујорк на САД Опен. Русинката има два пехари од најценетите светски тениски турнири, а Ванг со ланскиот трофеј од „Флешинг Медоуз“ во Њујорк, но во јуниорска конкуренција, покажа дека од неа допрва треба многу да се очекува.

Двојната гренд-слем шампионка мина во следната фаза, но затоа испаднаа петкратната Марија Шарапова и Анџелик Кербер, која има три гренд-слем титули, од тенисерки кои се речиси една деценија помлади од нив.

Контавејт со 4:6, 6:2, 6:4 ја победи Шарапова, а Касаткина со 0:6, 6:2, 6:4 беше подобра од Кербер.

 

- Оглас -

Најнови вести