Неочекуван потег прави искусниот дефанзивец на Челзи, Давид Луиз. Наводно, Бразилецот е подготвен да го напушти „Стемфорд бриџ“, но не и Лондон, во последните мигови од преодниот рок во Премиер лигата.
Реномираниот француски медиум „Л‘екип“ тврди дека Луиз денес не тренирал со останатите соиграчи со цел да форсира трансфер во редовите на градскиот ривал Арсенал. Познато е дека Топчиите се обидуваат да доведат стопер во овие два дена откако капитенот Кошчелни се врати во родната Франција, а по сите изгледи го најдоа човекот кај несаканите соседи.
Преговорите меѓу градските ривали наводно се во завршна фаза, а до утре би требало да има потврда околу ангажманот, останува само да се обелодени сумата на трансферот.
https://twitter.com/goal/status/1159114866881376256?s=20