Некогашниот светски првак во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон, уште еднаш го шокираше боксерскиот свет, со изјава дека мамел на допинг контролите и наместо негова, давал урина од сопругата и децата.
Тајсон беше најмлад светски првак во историјата, светот за него слушна во 1986 година, беше еден од најдобрите боксери во историјата, но имаше и своја темна страна.
„Прво користев урина од жена ми, додека таа не ми кажа дека резултатите ќе покажат дека сум труден. Тогаш решив дека е подобро да употребам урина од децата“ – рече Тајсон во едно неодамнешно интервју за ЕСПН.
Како успевал да ги измами сите, тој објаснува во детали.
„Користев лажен пенис. Поголем број од мажите се чувствуваат непријатно ако им го покажате половиот орган. Така, медицински лица секогаш ја вртеа главата на друга страна и јас го користев тоа“ – вели Тајсон, кој со години ја применувал онаа финта и никогаш не го открија.
„Челичниот Мајк“ беше зависник од кокаин, беше обвинет за силување, а иако во кариерата заработи 350 милиони евра, тој се расфрлаше и дојде во ситуација да има долгови од 100 милиони.