Колбаси на скара, со пире и грашок се новата комбинација на дресовите на англискиот нисколигаш АФЦ Бедејл. Тимот од Северен Јокшир ги има најчудната комбинација на дресови, благодарение на спонзорот.
Главен спонзор на овој тим е локална фабрика за производство на колбаси, па затоа и инспирацијата дресот да биде „ишаран“ со храна е благодарение на спонзорот. Од сите дресови, најуникатен е тој на голманот. Чуварот на мрежата е како готвач кој изгледа како да носи престилка за готвење.
Ова не е прва сезона, овој тим да има чудни дресови. Колбасите едноставно се нивниот заштитен знак и од минатата сезона.