Ливерпул е сигурен „кец“, Монако и Лион ќе се „истурат“ од голови

Ливерпул – Норвич (21ч – Премиер лига, прво коло)

Вицешампионот ја има честа да ја отвори новата сезона, а на „Енфилд“ гостува повратникот Норвич. Овие две екипи последен пат го отворија шампионатот во сезоната 1976/77(прочитајте повеќе ТУКА), а тогаш Црвените триумфираа со минимални 1-0. Клоп во пресрет на овој дуел нема да смета само на Садио Мане, кој моментално е на заслужен одмор по настапот на Африканскиот куп на нации. Останатите играчи му се на располагање, а Фирмино и Салах се подготвени повторно да бидат „кошмар“ за противничките дефанзивци.

Од 2004 година па досега, Ливерпул и Норвич десетпати се сретнале во рамки од Премиер лигата, а Црвените во осум наврати се радувале на победа. Така треба да биде и вечерва, европскиот првак ќе оствари сигурна победа.

Предлог тип: 1 сигурен (1.85)

 

Монако – Лион ( 20:45ч – Лига 1, прво коло)

Распоредот во француската Лига 1 ги „почасти“ фудбалските љубители со супер интересна пресметка меѓу Монако и Лион на стартот. Кнезовите на домашен терен ќе се обидат да тргнат со позитивен резултат, кој ќе придонесе што ппобрзо да се заборави катастрофалната измината сезона.

Двете екипи лани си поделија по еден триумф, Лавовите дома славеа со 3-0, избраниците на Леонардо Жардим триумфираа со 2-0. Три меча пред нив, резултатот во меѓусебните средби гласеше 3-2, двапати во корист на Лион, еднаш на Монако. Бидејќи е почеток на сезоната, фудбалерите со обновени сили треба да приредат ефикасна пресметка.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

Црвена ѕвезда – Младост Лучани (20ч – Суперлига, четврто коло)

Српскиот првак заостанува едно коло во домашниот шампионат, но засега има перфектен учинок од две победи. Против Младост ќе треба да се продолжи таа серија, а особено е потребно да се крене нивото на самодоверба по ремито на домашен терен против Копенхаген во квалификациите од ЛШ. Триумф ќе го крене моралот во пресрет на реваншот против данскиот првак.

Младост е тим кој нема убави спомени од гостувањата на „Рајко Митиќ“, каде што често знаат да примат и по четири или пет погодоци на еден натпревар. Слична судбина ги чека и вечерва, но треба да се земе во предвид и колку всушност фудбалерите на Владан Милојевиќ планираат да се потрошат за да дојдат до трите бода.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.90)

 

Андерлехт – Мехелен (20:30ч – Јупилер лига, трето коло)

Белгискиот гигант уште ја чека првата победа под водство на Винсен Компани, кој ја извржува должноста на играч/тренер во тимот. Пораз и реми од претходните два меча е далеку од посакуваниот старт на сезоната, но против Мехелен имаат убава шанса да се поправат. Гостите пак „пукаат“ од самодоверба по двете последователни победи и планираат да приредат изненадување на „Констант Ванден Сток“ стадионот.

Сепак, треба да се знае дека Андерлехт никогаш не дозволил пораз од Мехелен на домашен терен. Голови се честа појава кога играат овие две екипи, па нема да биде изнандување ако и во овој меч се изрази ефикасноста.

Предлог тип: 1X 3-6 (2.18)

 

Спарта Ротердам – Венло (20ч – Ередивизе – второ коло)

Спарта ја делеа моменти од изненадување против Феенорд во првото коло, но и реми од 2-2 воопшто не е лош резултат. Сега пред свои навивачи имаат прилика да ги запишат првите три бода во новата сезона, а шансите за тоа им се големи бидејќи се фаворити против Венло.

Тимот од Ротердам има осум последователни победи на домашен терен против денешниот противник, последниот меч заврши во нивна корист со 3-2.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (2.15)

- Оглас -

Најнови вести