Кројф, Литманен, па Тадиќ

Холандскиот првак вчера му посака „добредојде“ на новајлијата Емен со 5-0 триумф на „Јохан Кројф“ арена, меч во кој хероите кои останаа да ги бранат боите на Ајакс, повторно се покажаа во најдобро светло. Меѓу нив беше и српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој уште еднаш го запиша своето име во историските книги на Копјаниците.

Тадиќ влезе во одбрано друштво со легендарниот Јохан Кројф и најдобриот фински фудбалер во историјата, Јари Литманен, како единствените играчи кои ја треселе мрежата во 11 последователни првенствени дуели на домашен терен. „Десетката“ на Ајакс стрелаше за 3-0, продолжувајќи ја голгетерската форма од минатата сезона, во која постигна вкупно 38 погодоци во сите натпреварувања.

https://www.youtube.com/watch?v=uGZGSpDKdPg

- Оглас -

Најнови вести