Со головите на Боби Божиновски и на Емини Македонија Ѓорче Петров стартуваше со победа во новото првенство, а совладан е најтрофејниот наш клуб Вардар.
Капитенот на „лавовите“ Божиновски со прецизен удар со глава во 20. минута го совлада Гачевски и најави изненадување.
Вардар имаше доста шанси да зирамни во првиот дел, но не успеа. Најблиску до гол за подмладениот состав на актуелниот вицешампион беше Дарко Мицевски, но ја погоди рамката од голот на гостите.
И во второто полувреме „црвено-црните“ диктираа темпо, се обидоа да се спасат од пораз, но примија уште еден гол. Емини беше прецизен во 89. минута и стави печат на значајна победа на клубот од Ѓорче Петров.