Не е лошо како влог за иднината – Македонија седма на Европскиот шампионат

Атлетската репрезентација на Македонија го освои седмото место на Европскиот шампионат, трета лига, а Исланд е победник на натпреварувањето што го организираше нашата атлетска федерација во Скопје.

Јован Стојовски постави нов државен рекорд на 200 метри, со време од 21.35 секунди, за пет стотинки подобро од неговиот претходен рекорд.

Дарио Ивановски на 3.000 метри беше трет, а Дрита Ислами го освои четвртото место на 200 метри, со што и донесоа доста бодови на нашата селекција.

Атлетиката долго беше на маргините на нашиот спорт, но има нова генерација талентирани натпреварувачи, што треба да се искористи за во иднина и за подобри резултати на македонските атлетичари и атлетичарки во кралицата на спортовите.

- Оглас -

Најнови вести