Адвокатите кои го застапуваат Нејмар се во Барселона и според шпанските медиуми, тоа е знак дека се преговара за камбек на Бразилецот на „Камп ноу“.
Во исто време, дел од италијанските медиуми најавуваат убиствен тандем во Јувентус составен од Роналдо и Нејмар, па шпекулациите со евентуалниот трансфер на сè уште актуелниот фудбалер на Пари Сен Жермен продолжуваат.
И во целиот хаос навивачите на Барселона одговорија со интересна доза хумор.
„Ако Нејмар потпише со Јувентус, ние да потпишеме со неговите адвокати, кои се тука во Барселона“, е еден од духовитите коментари во целиот галиматијас со Бразилецот.
Едно е јасно, дека Нејмар не сака да игра повеќе за ПСЖ и дека е премногу скап, дури и за најбогатите клубови, па прашање е дали ќе се најде комбинација во овој преоден рок за тој да си замине од Париз и да продолжи да игра за друг клуб.