Кадетите против Јапонија ја бранат честа на европскиот ракомет

Репрезентацијата на Македонија за ракометари до 19 години е пласирана во осминафиналната рунда на Светско ракометно првенство до 19 години кое се игра во Скопје, а вечерва, од 20.30 часот, во салата „Борис Трајковски“ ја пречекуваме Јапонија како за крај на групната фаза.

Јапонците имаат три победи по ред, но сите против неевропски селекции. Тие загубија од Данска и против домаќинот на СП сакаат да ја извојуваат првата радост во дуел со тим од Европа. На избраниците на селекторот Данило Брестовац им останува да ја одбранат честа на европскиот ракомет и да се изборат за победа и можеби малку полесен противник во следната рунда.

- Оглас -

Најнови вести