На фудбалските голмани често им се случува топката да им се лизне низ раце и да примат смешен гол, но ова што се случи на меч од бразилска лига за јуниори до 17 години ретко се гледа.
На несреќниот чувар на мрежата не еднаш, туку двапати за неколку секунди топката му побегна, по што влезе во голот. Сето ова е снимено и веќе е хит на интернет низ светот.
Трагичарот се вика Гиљерме, а маката да биде поголема, токму со овој кикс, неговиот тим Тимон загуби со 0-1 против Пјауи.
Погледнете ја катастрофалната реакција на голманот со „лизгави ракавици“:
https://www.youtube.com/watch?v=1QKZTawPfNo