Македонската радиотелевизија објави дека ќе ги пренесува во живо натпреварите на нашата репрезентација на Европското првенство во Словенија во септември.
Македонија за првпат ќе учествува на ЕП, а историските настапи на големо одбојкарско натпреварување за нас ќе почнат на 12 септември во 17.30 часот против Финска во Љубљана.
Потоа ќе може да се проследат преносите на МРТВ и од останатите мечеви на Македонија во фазата по групи, и тоа редоследно против Турција на 13 септември исто така од 17.30 часот, па два дена подоцна во истиот термин со Русија.
На 16 септември во фазата по групи ќе ги одмериме силите со Белорусија од 20.30 часот, а настапите во групата Ц ќе ги завршиме следниот ден против домаќинот Словенија, повторно од 17.30 часот.
Финалето на ЕП ќе се игра на 29 септември, а домаќини се четири земји: Словенија, Белгија, Франција и Холандија.
Титулата ја брани Русија, која ќе ни биде противник во фазата по групи.