Новиот член на Интер, Ромелу Лукаку, најверојатно нема да дебитира за Нероаѕурите во првото коло од Серија А, кое е на програмата од следниот викенд. Причините за тоа е прекумерната тежина на Белгиецот.
По трансферот од Манчестер јунајтед за сума од 75 милиони евра, Лукаку во Милано пристигнал со вишок килограми и тежел 104 килограми. Клупските нутриционисти и лекари му предложија на голгетерот да ја спушти троцифрената тежина, па дури тогаш Конте ќе му го овозможи очекуваното деби за новиот клуб.
Исто така Лукаку по преселбата во Милано редовно држел дополнителни индивидуални тренинзи, за што побрзо да ја намали тежината, дури го сменил и начинот на исхрана.
Новата сезона во Серија А стартува следниот викенд, а Интер во првото коло го пречекува повратникот Лече на „Џузепе Меаца“. Тој меч е закажан во вечерниот термин во понеделник, 26 август.