Нејмар денес за првпат присуствуваше на тимскиот тренинг на ПСЖ во пресрет на дуелот против Рен во второто коло од Лига 1. Тренерот Томас Тухел ја потврди оваа информација на денешната прес-конференција, но додаде дека Бразилецот имал дополнителен индивидуален тренинг.
Тоа наговестува дека Нејмар би можел за првпат сезонава да го облече дресот на Светците и да заигра на гостувањето кај Рен.
Многу добро е позната трансфер-сагата околу Нејмар, кој е поврзуван со враќање во Барселона, но и Реал Мадрид притиска за неговиот потпис. Се чини дека Бразилецот одлучил да ги испочитува обврските кон клубот со кој има договор на уште три години, во исчекување на крајниот епилог за неговата иднина.
Мечот Рен – ПСЖ од второто коло на Лига 1 е закажан за утре со почеток од 21 часот.