Арсенал чекаше цели 10 години за старт со две победи

Арсенал забележа две победи со по еден гол разлика, на стартот од Премиерлигата против Њукасл со 1:0 и денеска против Барнли со 2:1, што им е прв ваков почеток со двоен триумф по две кола во најсилното англиско првенство по пауза од 10 години.

Тогаш стартот за топчиите беше убедлив со две победи против екипите од ист град, Астон Вила и Бирмингем, со 3:0, односно 3:1.

Арсенал потоа продолжи да победува до петтото коло, се до дербито со Челзи и првиот пораз од 0:3, а сезоната ја заврши на третото место зад шампионот Челзи и вицепрвакот Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести