Барселона не се предава и сака да го врати Нејмар во своите редови, а може и да го искористи незадоволството на Бразилецот со статус-кво ситуацијата во пари Сен Жермен, па има нов предлог за договор.
Каталонците и популарните „светци“ не успеаја да најдат пакет-аранжман за размена на играчи и плус парична доплата од Барселона на контото на ПСЖ, па сега шпанскиот гигант се обидува речиси за џабе да го добир Нејмар.
Нивниот предлог е тој да се врати на „Камп Ноу“ како позајмен играч за една сезона, но без да имаат обврска по една година да го откупат договорот што Бразилецот го има со ПСЖ.
Таа варијанта изгледа неостварлива, но шансата е што Нејмар е незадоволен во Париз и сака трансфер, па ПСЖ би имал големи проблеми ако задржи одличен, но и незадоволен играч во своите редови.
Нејмар пристигна во ПСЖ токму од редовите на Барселона за рекорден трансфер во историјата на фудбалот, тежок 222 милиони евра.