Кошаркарот на Чикаго булс, Тимоти Луваву-Кабаро последен испадна од конечниот список со патници во француската репрезентација и нема да игра на Мундијалот во Кина.
Иако имаше солидна сезона 24-годишниот играч не успеа да се наметне, па нема да игра. Селекторот Венсан Коле одбра 14 кошаркари од кои двајца дополнително ќе отпаднат, а Франција има силен состав.
Главни адути се Нандо Коло, Фурние, Батум, Гобер, Нтиликина… па „триколорите“ ќе бидат тврд орев за сите ривали.
Франција до почетокот на Мундијалот во Кина ќе игра уште три пријателски натпревари, против Србија, Италија и Нов Зеланд, а потоа Коле ќе одлучи кои двајца играчи дополнително ќе отпаднат од конечнито список за настап на СП.