Актуелниот првак на Македонја, тимот на Шкендија загуби и во вториот меч од новата сезона во домашното првенство. Тетовци гостуваа во Кратово, каде што Силекс им го зеде „скалпот“. Дурански го отвори второто полувреме со својот прв гол оваа сезона, што беше доволно да се освојат трите бода.
Борец го задржа Вардар во меч без голови и ги спречи Црвено-црните да дојдат до првите три бода. Велешани воедно ја сочуваа мрежата иако во последните петнаесетина минути од мечот беа со фудбалер помалку, откако петров заработи два жолти картони и пред време ја заврши средбата.
Реми без голови одиграа и Македонија ЃП против Академија Пандев на стадионот „Ѓорче Петров“. Ренова со триумфот од 2-1 над Струга Трим Лум застана на чело на табелата како единствена екипа со максимален учинок по две кола во домашниот шампионат.