Кога можеа во Реал Мадрид да го сменат мислењето и да го задржат Герет Бејл, сега не треба да биде сензација ако и Нејмар се премисли и остане член на ПСЖ, чии навивачи сега го мразат и истакнуваат негативни транспаренти за него.
Еден од ретките кои посакуваат Нејмар да остане „светец“, е неговиот сонародник и соиграч од ПСЖ, Тијаго Силва. Дефанзивецот не сака да се меша во трансферот на Нејмар, но посакува Барселона и Реал Мадрид да отпаднат од трката до 2 септември.
„Имам чувство дека Нејмар може да остане со нас. Разговаравме, но јас не сакам да му се мешам, тоа се приватни работи. Можам само да се надевам дека целиот случај наскоро ќе добие разрешница и ќе завршат шпекулациите. Нејмар е многу важен играч за ПСЖ, тој може да ги прави истите работи како Меси или Кристијано, се разбира дека ни недостасува“, изјави Силва, по киксот против Рен.