Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, го поддржа својот клупски колега Пол Погба и рече дека на секој може да му се случи да не реализира пенал и затоа не гледа ништо спорно во утката на гостувањето кај Вулверхемптон.
Проблемот е што на Погба многу често му се случува да утне пенал, ова му беше четврти нереализиран од почетокот на минатата сезона наваму. Фановите и аналитичарите се чудеа зошто шутираше Погба, а не Рашфорд, кој го изведе пеналот во минатото коло против Челзи.
„Пол сакаше да даде гол, но на секој фудбалер може да му се случи да не реализира од пенал. Пол има давано многу голови од пенал во кариерата. Зошто шутираше тој? Едноставно, ако сакате да шутнете и имате самодоверба, треба да го направите тоа. Претходниот пат бев јас, нема никаков проблем. За жал, тој не погоди“, рече Рашфорд.