Динамо ќе ангажира ексиграч на Милан и Барселона за Лигата на шампионите?

Динамо Загреб има план да доведе поранешен фудбалер на Милан и Барселона доколку обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Бразилскиот медиум „Истое“ тврди дека Модрите се заинтересирани за Макси Лопес.

Искусниот аргентински напаѓач, кој е добро познат по аферата со поранешната сопруга Ванда Нара, животната партнерка на Мауро Икарди, би прифатил да игра за хрватскиот првак само доколку го елиминира Розенборг во плејофот од ЛШ. Динамо утре го игра првиот меч против Норвежаните на „Максимир“, каде што ќе се обиде да направи исчекор кон групната фаза.

Инаку, Макси Лопес има искуство во Лигата на шампионите, беше дел од шампионскиот тим на Барселона во 2006 година. Покрај Каталонците и Росонерите, Лопес играше и за неколку италијански екипи, како: Катанија, Торино, Сампдорија, Киево и Удинезе, а од ова лето е слободен играч откако му истече договорот со Васко де Гама.

- Оглас -

Најнови вести