Роналдо: Во денешно време речиси секој играч вреди 100 милиони евра

Кристијано Роналдо двапати во својата кариера направи мулти-милионски трансфери. Прво, во 2009 година замина од Манчестер јунајтед и за сума од 94 милиони евра потпиша за Реал Мадрид. Девет години подоцна, кариерата ја продолжи во редовите на италијанскиот првак Јувентус, кој плати отштета од 105 милиони евра.

Португалецот многу добро знае што значи да се оправда толкава сума на пари. Во периодот кога ги бранеше боите на Кралскиот клуб влезе во историјата на клубот како најдобар голгетер, а освои 15 трофеи играјќи на „Сантијаго Бернабеу“. Затоа Роналдо не ги оправдува денешните вложувања на клубовите кои купуваат фудбалери за 100 или повеќе милиони евра, а притоа без играчот да покаже зошто всушност вреди толку многу.

„Во модерниот фудбал многу е тешко да се направат точни калкулации. Денес речиси секој играч може да вреди 100 милиони евра, а притоа да не покаже ништо или, пак, во него се гледа мал потенцијал од кој може да прерасне во врвен фудбалер. Според мене, тоа не е доволно, но факт е дека парите ја загубија вредноста на фудбалскиот пазар. Настрана трансферот на Феликс, има фудбалери за кои се потрошени огромни средства, а клуботвите за возврат не добија речиси ништо. Во денешно време имате голмани и дефанзивци од 70 или 80 милиони евра, што е лудо, но тие работи мора да се прифатат“, истакна Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести