Љубовта кон омилениот клуб е нешто што не се мери, а потврда дојде и од Романија, каде што еден фанатик на Рапид Букурешт не бираше начин како да го гледа својот сакан тим. Овој навивач кој не е баш во цутот на младоста, веројатно немаше пари за да плати билет, но измисли ризично решение.
Тој второлигашкиот меч го гледаше од висина од неколку метри, каде речиси два часа стоеше закачен на ограда.
Инаку, навивачот немаше многу причини за задоволство бидејќи Рапид загуби од Турну на ова гостување со 1-3.